• Саше Љолес
Американскиот кошаркар Џордан Лојд експресно се врати во тимот на Монако, откако го раскина договорот со Макаби Тел Авив поради воените дејствија во Израел.
Лојд одигра само два меча за „израелската гордост“, но не можеше да остане во клубот поради војната и реши да се врати во Монако, каде настапуваше изминатите две години.
— AS Monaco Basket (@ASMonaco_Basket) October 12, 2024
31-годишниот плејмејкер во Монако имаше просек од 12,5 поени во Евролигата, па се очекува повторно да биде солидно засилување за тимот на Саша Обрадовиќ. Францускиот тим има две победи од две одиграни средби во елитното натпреварување.