„Одбраната ни ја донесе победата, во финалето очекувам уште повеќе наши фанови“

Најуспешната екипа во регуларниот дел на сезоната на Евролигата, Олимпијакос на Јоргос Барцокас одигра феноменална втора половина на натпреварот и го совлада Монако во првото полуфинале со 84-72.

Клучна улога имаше влезе во третиот квартал и неверојатната серија од 27-2, која го реши победникот. Капитенот на грчкиот шампион, Костас Папаниколау ја потенцираше одличната одбрана како причина за победата.

„На полувреме си рековме себеси дека ако играме одбрана како што знаеме, ќе го добиеме натпреварот. Токму тоа и се случи. Бројките сами кажуваат - примивме 21 поен за 20 минути. Од одбраната почнуваат победничките вибрации и ние ги покажавме и вечерва.

Сакам да им честитам на кошаркарите на Монако, но посебно на нашите навивачи. Знаете каква е нашата врска со нив и верувам дека в недела ќе бидат во уште поголем број во финалето“, рече Папаниколау.

Со оваа победа Олимпијакос веќе отиде чекор подалеку од минатата сезона, кога го освои третото место на завршниот турнир во Србија.