Одби повеќе пари на сметка на подолг договор: Гобер остана во Минесота

Францускиот центар Руди Гобер го продолжи договорот со Минесота Тимбервулвс до 2028 година. 

32-годишникот кој е „експерт за одбрана“ одби повисока понуда, сè со цел да добие подолг договор и да го продолжи стажот во НБА лигата. Претходно Гобер имаше шанса да потпише едногодишен договор со Минесота вреден 46,6 милиони долари, но го одби тоа барајќи подолга соработка. 

На крајот франшизата му понуди продолжување на договорот кој траеше до 2025 на уште три години, а во нив ќе заработи 110 милиони долари. 

Руди Гобер четири пати беше биран за најдобар одбранбен играч во НБА лигата (2018, 2019, 2021, 2024), но веќе е во четвртата деценија од животот и поважна му беше стабилноста отколку десетина милиони повеќе.