• Иван Димовски
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен натпревар и го водеше тимот на Лос Анџелес Лејкерс до победа над Денвер Нагетс (120-108).
Сепак, ѕвездата на „езерџиите“ својот најдобар потег го имаше пред почетокот на натпреварот. Дончиќ погоди „од тунелот“, како што е напишано на видеото. Словенецот шутна од далечина, поточно од меѓу столчињата во првите редови и од зад кош.
Дончиќ инаку натпреварот го заврши со 31 поен, девет скока и седум асистенции.









