Од првак во првак: Гинјард од Работнички продолжува во Орадеа

Американскиот кошаркар кој ланската сезона ги бранеше боите на Работнички, Маркус Гинјард, нема да се враќа во Македонија и својата кариера ќе ја продолжи надвор од нашата земја.

Наредна дестинација на одличниот шутер, кој беше еден од најдобрите кошаркари на тимот од „Градски парк“, ќе биде Романија, каде ќе го носи дресот на ЦСМ Орадеа.

Регуларниот дел од ланската сезона Ореадеа ја заврши на четврото место, додека во плеј-офот дојде до финалето и во серијата со 3-1 беше подобра од Стеауа.

Се очекува Гинјард да биде големо засилување за Орадеа, како во домашното првенство, така и во деби-настапот во Лигата на шампионите на ФИБА, во која романскиот тим чека на првото квалификациско коло, во кое се среќава со фински Карху.