• Мартин Танасковски

Американскиот кошаркар Џордан О’Нил е ново засилување на Клуб Кордон, кој се натпреварува во уругвајската лига, официјално потврдија од јужноамериканскиот клуб.
Станува збор за играч на позициите крило/крилен центар (3-4), висок 2.01 метар, кој во Уругвај пристигнува со европско искуство.
О’Нил во изминатиот период настапуваше за Работнички од Македонија, каде што имаше значајна улога во ростерот и дополнително го надгради своето професионално искуство.
Македонската етапа во неговата кариера дојде по неговата прва професионална сезона, која ја одигра во Финска, бранејќи ги боите на Кипина Баскет.













