Од Кипар до Украина: Евробаскетот во 2025 година го сакаат шест земји

Европското првенство (ЕП) за кошаркари во 2025 година ќе се игра во повеќе земји. ФИБА потврди дека домаќини на големиот спортски настан ќе бидат четири држави, а пристигнати се шест кандидатури.

ЕП 2025 како домаќини ќе ги има четири од следниве земји: Кипар, Финска, Унгарија, Летонија, Русија и Украина. Летонија, Унгарија, Русија и Украина поднесоа кандидатури за групната фаза и за завршницата, додека Кипар и Финска сакаат да бидат организатори само на групната фаза на шампионатот.

Финска досега беше една од организаторите на ЕП 2017, додека во Летонија се играше една од групните фази во 2015 година. Унгарија и Украина претходно имале кандидатури, но не успеале да дојдат до ЕП, додека за Кипар ова е прва кандидатура во историјата.

ФИБА ќе ги разгледа кандидатурите и инфраструктурата во земјите во периодот од октомври 2021 до јануари 2022 година и напролет во 2022 година ќе одлучи кои четири земји ќе бидат домаќини на ЕП 2025.