• Горан Упале
Првиот натпревар од полуфиналната серија во АБА лигата донесе вистинска драма и победа на Партизан над вечниот ривал Црвена Звезда со 100-94.
„Црно-белите“ уште во првата четвртина најавија дека се расположени за победа, добивајќи го овој период со 25-19. Во втората делница двата тима играа кош за кош (27-27), па на паузата „црно-белите“ сепак стекнаа солидна предност (52-46).
Клучниот момент се случи во третата четвртина, кога Партизан целосно го надигра противникот со 26-13. Токму овој период се покажа како пресуден, бидејќи Црвена Звезда не успеа да најде одговор ниту во нападот, ниту во одбраната.
Во последната четвртина Партизан како да ги загуби „конците“ и следуваше невидена доминација на гостинските кошаркари. Црвена Звезда играше полетно и атрактивно и со неверојатна серија од 20 поени стигна до само еден поен негатива (95-94), на една минута до крајот на дербито. Сепак, Партизан беше присебен во финишот, не дозволи голем пресврт и славеше со конечни 100-94.
Кај победничкиот тим најпрецизен беше Вашингтон со 22 поени, а одличен беше и Браун со 16. За Црвена Звезда блесна Нвора со 31 поен, додека Батлер заврши со 18 поени,


