Оцокољиќ: Овој меч со ТФТ ќе биде многу поразличен од првиот

Тренерот на Борац Моцарт, Саша Оцокољиќ, очекува многу поинаков натпревар во вториот дуел од серијата против ТФТ, нагласувајќи дека неговиот тим мора да влезе со максимална сериозност и фокус. Тој смета дека клучот за успех ќе биде пристапот на неговите играчи, кои не смеат да се опуштат по убедливата победа во првото соочување.

„Вториот натпревар од серијата сигурно ќе биде тотално различен од првиот во Чачак. ТФТ е одличен тим и сигурно ќе играат поинаку и подобро на својот терен отколку во првиот натпревар и ќе бидат максимално мотивирани за реваншот. Мораме да го заборавиме првиот дуел и да се однесуваме и играме како резултатот да е 0-0 во серијата и на тој начин да извлечеме позитивен резултат“, вели тренерот на Борац, Саша Оцокољиќ.

Натпреварот меѓу ТФТ Скопје и Борац се игра вечерва, со почеток од 21:00 часот.