Очекувана одлука на Бостон, максимален договор за еден од најдобрите кошаркари

Татум

Џејсон Татум важи за еден од најдобрите млади таленти во НБА лигата. Бостон Селтикс имаше многу среќа да го доведе во своите редови, а во пресрет на наредната сезона може да му понуди богато продолжување на договорот.

Бекот ќе ја комплетира третата сезона во својата кариера и како во случајот со сите останати кошаркари, ќе има можност да преговара за промена на „руки“ договорот, кој го доби во дебитантската сезона.

„Џејсон Татум е суперeѕвезда и за тоа ќе добие награда ова лето. Кога ќе заврши оваа сезона, најверојатно ќе добие максимален договор. Селтикси ќе ги обложат своите пари за да добијат квалитетен играч за наредните години“, пишуваат американските медиуми.

22-годишникот игра фантастично во тековната сезона, постигнувајќи просек од 23,6 поени, 7,1 скока и реализација од поле 56,2%, а 39,8% од линијата за три поени.

Пред кризата со коронавирусот се зборуваше за 181 милиони долари кои Татум требаше да ги добие во наредните пет сезони. Останува да видиме колку пандемијата ќе влијае на заработката на младиот талент.