• Саше Љолес
Поранешниот НБА играч, Стивен Хантер, во својата објава на социјалните мрежи „удри со дрва и камења“ по една од најголемите ѕвезди во лигата, Леброн Џејмс.
Хантер е револтиран поради одлуката на Лос Анџелес Лејкерс да го ангажираат синот на Леброн, Брони Џејмс, за кого вели дека добил договор само поради влијанието и притисокот од неговиот татко.
„Леброн е голем манипулатор. Тој се однесува диктаторски и без почит за младите играчи кои вистински заслужуваат шанса во НБА лигата. Вршеше притисок преку медиумите за другите тимови да не го земат Брони, туку со сила го доведе во Лејкерс.
Тоа за мене е непотизам и злоупотреба на неговата популарност и моќ. Да бев јас претседател на клубот, никогаш не би потпишал со Брони. Секоја чест за тоа момче, секоја чест и за неговото семејство, но Леброн погреши со овој пристап. Тоа ќе биде евидентно на паркетот, особено кога неговиот син нема да може да се носи со НБА ѕвездите“, вели Хантер.
Брони Џејмс и неговиот татко ќе имаат историска можност да заиграат заедно во најсилната кошаркарска лига на светот. Иако голем дел од јавноста смета дека тој нема капацитет за НБА, сепак сонот на Леброн се оствари и тој конечно ќе може да игра професионална кошарка заедно со неговиот највозрасен наследник.