• Саше Љолес

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, имаше остри критики за организацијата и судењето во АБА лигата по натпреварот со Црвена Звезда.
Партизан го загуби мечот со конечни 89-84, а трофејниот стратег беше лут на неколку судиски одлуки за кои рече дека директно влијаеле на конечниот исход.
„Не ми е јасно за што добив техничка грешка, кога само на англиски јазик реков дека имаше прекршок во напад. Апсурдни ситуации, судиите носат различни одлуки во исто време. Едниот од нив ми се извини и рече дека погрешил, но тоа не е оправдување за ваквиот циркуз“, изјави Обрадовиќ.
Овие изјави можат да донесат казна или суспензија за Обрадовиќ, но популарниот „Жоц“ делуваше дека воопшто не му е гајле за последиците. Партизан, Будуќност и Црвена Звезда во моментов имаат по 24 бода на врвот на табелата во АБА лигата.