Обрадовиќ пак ќе соработува со еден од омилените играчи во Партизан

Германскиот репрезентативец Исак Бонга и официјално е нов кошаркар на Панатинаикос, со кој потпиша тригодишен договор.

За крилниот кошаркар владееше голем интерес на трансфер-пазарот, а меѓу клубовите кои сакаа да го доведат беа и европските великани Реал Мадрид и Барселона. Сепак, Бонга на крајот се одлучи за Панатинаикос, каде повторно ќе соработува со тренерот Жељко Обрадовиќ.

Двајцата веќе работеа заедно во Партизан, период во кој германскиот репрезентативец значително напредуваше и се етаблираше како еден од најквалитетните крилни играчи во Европа.

За да го реализира трансферот, Бонга ја активираше излезната клаузула во договорот со Партизан, вредна 700.000 евра. Потоа стави потпис на тригодишен договор со грчкиот шампион, според кој ќе заработи вкупно 10 милиони евра.

Во договорот е вклучена и клаузула што му овозможува секое лето да замине во НБА доколку добие соодветна понуда. Во сезоната зад нас, Бонга во Евролигата просечно бележеше 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенции по натпревар.