„Обрадовиќ нѐ учи каква кошарка ќе се игра во следните десет години“

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, со пофални зборови се осврна на работата на тренерот Жељко Обрадовиќ, истакнувајќи дека неговиот пристап може да го одбележи развојот на кошарката во следната деценија.

Неговата реакција доаѓа по одличниот почеток на Панатинаикос во Евролигата. Грчкиот гигант забележа четири победи на првите четири натпревари, што му успеало последен пат во сезоната 2007/08. Сите четири средби ги одигра на домашен терен, каде што ги совлада Париз, Асвел, Макаби и Фенербахче.

„Огромно задоволство е да се гледа како се создава нешто толку големо. Верувам дека ова е најздравата организација досега и дека, без оглед на резултатите, оваа сезона ќе биде една од оние за кои ќе им раскажуваме на нашите внуци, со морници по телото. Обрадовиќ нè учи како ќе се игра кошарка во следните 10 години“, напиша Јанакопулос на социјалните мрежи.

Обрадовиќ има богата историја со Панатинаикос. Во првиот мандат, од 1999 до 2012 година, го предводеше клубот до пет титули во Евролигата, со што остави длабока трага во неговата историја.

Следниот предизвик за грчкиот тим во Евролигата е гостувањето кај Партизан на 13 октомври. Средбата ќе има дополнителна тежина поради врската на Обрадовиќ со белградскиот клуб, каде што работеше во вториот мандат од 2021 до 2025 година.