Обрадовиќ: Нема никакво објаснување за ваков пораз

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Монако со 76-62 и се пласираа во финалето на Евролигата, кое в недела ќе се игра во Каунас. Избраниците на Саша Обрадовиќ одиграа одлично во првото полувреме, водеа со 12 поени разлика, но следеше катастрофален трет период, во кој за десет минути постигнаа само два поени!

Историскиот колапс на Монако српскиот тренер не можеше да ги образложи и прифати.

 „Нема објаснување за ова што ни се случи. Само сакавме да играме напорно до крај, а бевме премногу меки. Можеби тоа е искуството од играње вакви натпревари. Моите играчи не знаат како да го играат ова натпреварување, а противникот буквално се нафрли на нас. Паднавме на она за што потрошивме многу време за подготвка“, изјави Обрадовиќ по натпреварот.

Монако за третото место ќе игра со поразениот од второто полуфинале, во кое се среќаваат Реал и Барселона.