• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Панатинаикос вечерва го совладаа Партизан со 55-72, во натпревар од петтото коло на Евролигата, и ја остварија петтата победа. Навивачите во преполната сала со овации го дочекаа својот поранешен тренер Обрадовиќ.
Тренерот на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ, изјави дека неговата екипа вечерва остварила важна победа против Партизан во Евролигата и им се заблагодари на навивачите за пречекот во Белград, со порака дека љубовта е обострана и дека неговата врска со црно-белите е нераскинлива.
„Ова ни беше прв натпревар на гости, и тоа во ваква атмосфера. Бевме многу добри во одбраната, но игравме во грч во нападот. Победата е важна и мора да продолжиме вака. Им честитам на играчите за триумфот и за продолжувањето на серијата победи.
Сакам да им се заблагодарам на луѓето за ваквиот пречек. Љубовта е обострана. Овој клуб ми значи многу и горд сум што овие луѓе ги препознаваат работите. Никој не може да влијае врз нив, паметни се. Сакам да им честитам за феноменалната атмосфера и за поддршката што му ја дадоа на тимот на Партизан. Мојата врска со овој клуб е нераскинлива и секогаш ќе биде така. Моите четири години по враќањето ми беа прекрасни. Многу би сакал Партизан да стане постојан член на Евролигата“, рече Обрадовиќ.
Панатинаикос е лидер во Евролигата со максимални пет победи, а Партизан има три победи и два пораизи.










