• Мартин Танасковски
Ерата на Жељко Обрадовиќ во Партизан заврши. Трофејниот тренер си даде оставка, а се чекаше подолго време за неговото обраќање во јавноста.
Во видео кое трае дваесетина минути, стручњакот говореше на повеќе теми. Прстот го впери кон управата, а побара навивачите да дадат поддршка на клубот и истакна дека Партизан ќе живее без него.
Воедно, посака ова да не е негов последен пат меѓу црно-белите. Погледнете го целосното обраќање на Обрадовиќ во целост.
Партизан оваа сезона е меѓу најлошите екипи во Евролигата, а во следното коло го чека меч со Баерн Минхен. Се уште се чека кој ќе биде новиот тренер на црно-белите.








