• Саше Љолес

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, даде изјава за српските медиуми во пресрет на натпреварот против Анадолу Ефес во Евролигата. Трофејниот тренер вели дека изјавите на противничкиот тренер, Ергин Атаман, само дополнително го мотивираат неговиот тим:
„Ги чувте изјавите на Атаман, тој рече дека неговиот тим се подготвува за овој натпревар со максимална фокусираност и дека сака да одиграат најдобро против нас. Ефес вчера го совлада Реал Мадрид и со огромна пожртвуваност ќе пристапи и на натпреварот против нас. Овој дуел за нив е „да се биде или не“. Ние имаме добар моментум и задоволни сме од формата во која се наоѓаме. Партизан мора да одговори на нивната агресивна одбрана и да биде максимално сконцентриран
Играме против двократниот европски шампион и знаеме точно што можеме да очекуваме од нив. Секоја нова победа дава дополнителна самодоверба, таа нам ни е потребна за сите тешки мечеви периодов. Тие го имаат неверојатниот Шејн Ларкин, а вчера им се приклучи и Василије Мициќ. Со него во тимот, Анадолу Ефес е уште посилен, а ние мора да внимаваме на нашите грешки“, заклучи легендарниот српски стручњак, Жељко Обрадовиќ.
Дуелот од Евролигата меѓу Анадолу Ефес и Партизан ќе се одигра утре, со почеток во 18:30 часот. Се очекува преполна сала и френетична атмосфера од навивачите во Истанбул.