• Горан Упале
Легендарниот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ, по победата над Анадолу Ефес (100-90) во Евролигата, изјави дека не се гледа никаде освен во Партизан и дека или ќе остане во клубот или нема да работи на друго место.
„Не се гледам никаде, освен во Партизан. Или ќе останам во клубот или никаде нема да работам повеќе. Ќе видиме како ќе изгледа тоа во иднина“, изјави Обрадовиќ.
Тој се осврна и на поддршката што ја доби од навивачите и овациите пред почетокот и на крајот на натпреварот.
„Горд сум и среќен што сум тренер на клубот што го сакам. Она што го доживеав вечерва, но и по моето враќање во клубот воопшто, треба да си роден за вакви работи. Сè што правам овде, го правам заради нив, тие се најголемата сила на клубот. Срцето ми се полни кога гледам колку деца доаѓаат на нашите натпревари“, додаде Обрадовиќ.
Искусниот стратег со АБА шампионот има договор до крајот на тековната сезона.