• Зоран Мишевски

Грчкиот гигант Панатинаикос објави дека нов играч на овој клуб е Панајотис Калаитакис.
Овој 23-годишен грчки кошаркар во Панатинаикос пристигнува од Лиеткабелис, а со новиот клуб потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.
„Се чувствувам многу среќен и благословен, поради можноста што ми се даде да играм за еден од најголемите клубови во Европа. Мојот голем сон се оствари, јас сум дел од големото семејство на Панатинаикос и едвај чекам да играм во зелениот дрес“, изјави Калаикакис.
Калаитакис минатата сезона во Еврокупот имаше просек од 13 поени, 2,8 скока, 2,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.
Клупата на грчкиот гигант неодамна ја презеде поранешниот тренер на Црвена звезда Дејан Радоњиќ, а потоа во клубот пристигна и Парис Ли од Монако.
