Ново НБА-засилување за ПАО: Фредет се сели меѓу „детелинките“

Искусниот американски кошаркар Џимер Фредет во сезоната 2019/20 ќе го носи дресот на Панатинаикос. По деценија минатата во најсилната лига во светот, 188-сантиметри високиот кошаркар се договори да потпише двегодишен договор со „детелинките“.

Кошаркарот на Феникс Санс одби договор од кинеската Суперлига вреден 30 милиони евра за да игра во Европа. 30-годишниот кошаркар во својата кариера ги носеше дресовите на Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Њујорк, Шангај и Феникс.

Во Панатиниакос, Фредет ќе заработува по 3,5 милиони евра по сезона и за првпат ќе заигра во Евролигата.