Ново големо засилување за Партизан: Папапетроу пристигнува во Белград

Партизан го потврди доаѓањето на уште едно звучно име во своите редови - Јоанис Папапетроу е нов играч на „црно-белите“.

Гркот е четвртото засилување на белградскиот тим за следната сезона, по повратниците Анѓушиќ, Данте Ексум и Џејмс Нанели. 28-годишниот крилен центар претходните четири сезони ги мина во Панатинаикос, каде ја носеше и капитенската лента, а пред тоа беше член на ривалот Олимпијакос.

Минатата сезона имаше просек од 12 поени и 3,2 скока во Евролигата. Партизан наредната сезона по осум години повторно ќе игра во најсилното европско натпреварување – Евролигата.