• Зоран Мишевски
Францускиот кошаркарски плејмејкер Силвен Франциско е новото големо засилување за Панатинаикос.Трансферот е комплетиран по ненадејните финансиски проблеми на францускиот тим Асвел Вилербан, кој не успеа да ги обезбеди првичните парични гаранции за неговиот договор.
Грчкиот гигант веднаш ја искористи ситуацијата, плати откупна клаузула од 450.000 евра на Асвел и потпиша тригодишен договор со кошаркарот вреден 3,5 милиони евра по сезона.
Франциско веќе пристигна во Атина за медицински прегледи и официјално потпишување на договорот со тимот предводен од Жељко Обрадовиќ.
