Ново дуо на Западот: Вестбрук и Харден ќе играат заедно во Хјустон!

Хјустон Рокетс

По 11 години во дресот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук ќе си замине и ќе го засили Хјустон.

Во спротивен правец ќе се упати Крис Пол, а во зделката се вклучени и два пика од драфтовите во следните неколку години. Никој не очекуваше дека Тандерси ќе се решат за ваков чекор, но челниците на клубот решија да прават целосен ремонт.

Ова лето останаа без првите две ѕвезди во Вестбрук и Џорџ, па сега со далеку послаб тим ќе влезат во новата сезона.

Харден и Вестбрук повторно ќе ја делат соблекувалната и ќе формираат ново ѕвездено дуо на Западот. 

Од договорот на Пол му остануваат три години, за кои треба да добие 125 милиони долари, а Вестбрук, кој ќе наполни 31 година на почетокот на сезоната, ќе добие 171 милиони долари во наредните четири години.