Ново бизарно правило: Тренер на хрватски кошаркарски клуб може да биде само некој кој веќе освоил трофеј!

Хрватската кошарка многу години, сега веќе и децении се обидува да го најде клучот за излез од резултатската криза, и во клупската кошаркар и во репрезентацијата. На клупско ниво, освен блесокот на Цибона на завршниот турнир од АБА лигата во Белград во 2014 година и континуирано добрите сезони на Цедевита, но без трофеј, Хрватите не можат да се пофалат со добри резултати.

Репрезентацијата е посебна приказна, иако во последниве години, хрватската кошарка произведе плејада добри и играчи. Сепак, во националниот тим, кога се сите заедно, тоа воопшто не функционираше.

Со цел да се подобри ситуацијата, Хрватскиот кошаркарски сојуз неодамна донесе одлука за закрепнување на кошарката. Имено, хрватските клубови може да ги тренира странски тренер само доколку има трофеј во кариерата. Само успешен и потврден во својата работа и награден со пехар, може да го заземе местото на хрватски тренер во домашен клуб.

Некој таков е Србинот Владимир Јовановиќ, кој ја предводи Цибона, иако нема трофеи во кариерата, но пристигна во Загреб пред споменатиот закон да стапи на сила.