Новиот прволигаш Блокотехна доби покана за учество во БИБЛ-лигата

Новиот прволигаш и новоформираниот клуб Блокотехна од Гевгелија, екипа која го зазеде местото на Радовиш во прволигашкото друштво, ќе ја претставува Македонија во Балканската БИБЛ-лига.

Лигата на својата официјална страница информираше дека Блокотехна и претседателот Главчев добиле покана за учество во десеттото издание на БИБЛ-лигата и деновиве треба да ги потпишат документите за учество.

Уште не е познато дали уште некоја македонска екипа ќе учествува во новата сезона на БИБЛ. Минатата сезона во ова натпреварување нашата земја ја претставуваа Кожув, Карпош Соколи, Куманово и Фени Индустри.