• Саше Љолес
Легендата на Далас Маверикс, Дирк Новицки, искрено проговори за моменталната состојба на клубот, кој оваа сезона бележи разочарувачки резултати. Според него, проблемите на тимот се повеќе од технички, односно се поврзани со здравјето на играчите и нивната способност да создадат тимска хемија.
„За мене, сè зависи од здравјето. Ако тие се здрави, можат да имаат добра сезона… Но тоа е големо „ако“. Се чувствувам лошо за навивачите на моите Маверикс.
Ова е катастрофален старт. Не можат да шутираат, не можат да направат добри акции. Никој не може да постигне поени. Тешко е да се гледа ова,“ изјави Новицки за медиумите.
Клубот од Тексас ќе има тешка задача да се врати на победнички пат и евентуално да се избори за учество во плеј-офот. Екипата има очаен старт на сезоната, со само две победи и дури седум порази.










