Нови тврдења: Дончиќ избркан од Далас поради честите посети на Лас Вегас?

Лука Дончиќ бил избркан од Далас Маверикс поради приказна која е поврзана со коцкање, односно со неговите чести посети на Лас Вегас, тврди адвокатот Кристофер Кратовил. 

Кратовил е дел од правниот тим на франшизата и тврди дека генералниот менаџер Нико Херисон го испратил Дончиќ во Лејкерс најмногу поради работи кои немаат допирна точка со кошарката, ниту, пак, со прекумерната килажа на Словенецот, како што се тврдеше. 

Не е познато за колкав „коцкарски проблем“ станува збор, но јасно е дека управата подолго време планирала да се ослободи од Дончиќ и работела на тоа да доведе квалитетна замена на неговото место. 

Интересно е што американските медиуми тврдат дека планот на Далас Маверикс е да се преселат во новата франшиза од Лас Вегас, која треба да се формира во следните две години, за кога е првично најавено проширувањето на НБА лигата со неколку нови екипи.