Нови проблеми за Месина и Милано, се повреди првиот центар на тимот

Еторе Месина и Олимпија Милано не ја започнаа сезоната според планираното и во моментов прикажуваат прилично лоши игри во Евролигата. 

Атмосферата во тимот не е баш најдобра, а дополнителни проблеми за Месина создава и новата повреда која ја доживеа ценарот Џош Нибо, кој ќе отсуствува од терените околу еден месец. 

Американско-словенечкиот кошаркар сигурно ќе ги пропушти следните мечеви против Реал Мадрид, Алба Берлин и Партизан, а неговото враќање се очекува најрано кон крајот на ноември. 

Во таборот на Милано настапува и нашиот Ненад Димитријевиќ, кој игра во променлива форма и беше мета на критики поради неговите бледи изданија во елитното натпреварување.