• Горан Упале

Најдобриот кошаркар на Олимпија Милано, Никола Миротиќ, заработи повреда и извесно време ќе биде надвор од терените.
Никола Миротиќ игра одлична сезона со Олимпија Милано и има просек од 18,3 поени и 6,6 скока во 22 натпревари оваа сезона во Евролигата. Во 22. коло Олимпија убедливо загуби од Партизан со резултат 90-70, а Миротиќ натпреварот го заврши со 16 поени и 6 скока.
Како што објави клубот на својата веб-страница, Миротиќ се повреди викендов на дуелот со Венеција и нема да игра најмалку две недели, што е голем удар за италијанскиот тим.
Тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Анадолу Ефес, Панатинаикос, Баерн Минхен и Жалгирис. Веќе извесен период надвор од стројот на Месина е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.