Нови проблеми за Црвена Звезда, Тајсон Картер е во болница!

Управата на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, се огласи со сооштение по повод здравствената состојба на Американецот Тајсон Картер, кој беше хоспитализиран поради респираторни проблеми. 

Картер се пожалил на болки во градите и веднаш заминал на детални лекарски прегледи, по што ќе стане јасно колку долго ќе отсуствува од терените. 

„КК Црвена Звезда ја информира јавноста дека нашиот првотимец Тајсон Картер е хоспитализирн поради респираторни проблеми. Во тек се детални анализи на неговата состојба, а повеќе информации ќе следуваат во следните неколку денови“, се вели во соопштението. 

Отсуството на Картер е голем удар за екипата, затоа што се работи за вториот најдобар стрелец, кој досега бележеше просек од 14,7 поени и 2,3 аситенции во Евролигата.