• Иван Димовски
Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо го совладаа тимот на Голден Стејт Вориорс со 129-104 во НБА лигата. Одново екипата од Колорадо до победата ја предводеше феноменалниот Никола Јокиќ кој оваа ноќ „флертуваше“ со „трипл-дабл“ и мечот го заврши со 26 поени и по девет скока и асистенции. Огромна помош Србинот имаше од Џамал Мареј кој уфрли 23, а Арон Гордон мечот го заврши со 18 поени. Од Голден Стејт се истакна Дрејмонд Грин со 17, додека Џими Батлер уфрли 16 поени.
- Денвер Нагетс - Голден Стејт Вориорс:
Јанис Адетокумбо блесна и го поведе Милвоки до победа над Чикаго Булс (126-110). „Грчкото чудо“ имаше 41 поен, 15 скока и девет асистенции до соиграчите, речиси двојно повеќе од сите други на паркетот. Од Чикаго се истакна Бузелис со 20 поени.
- Милвоки Бакс - Чикаго Булс:
На останатите терени победи забележаа Орландо, Кливленд, Торонто, Детроит, Сан Антонио, Мемфис, Мајами, Минесота и Оклахома.









