Новата ѕвезда на Барса на врвот меѓу најплатените кошаркари во Евролигата

Новата сезона во Евролигата стартува во првата седмица од октомври. Во летниот преоден рок дојде до доста трансфери и во во врвот на Европа, па тоа донесе и одредени промени. 

Израелските медиуми пред новата сезона ги открија десетте најплатени кошаркари кои ќе играат во Евролигата. Прво име на листата е шпанскиот репрезентативец Вили Хернангомез кој од НБА лигата се врати во Европа и ќе игра за Барселона. По него следат Ларкин од Ефес, Миротиќ кој ја засили Олимпија Милано, па Таварес, Слукас, Хуанчо Хернандомез...

  • Листа на десетте најплатени кошаркари:
  1. Вили Хернангомез (Барселона, 4,5 милиони евра)
  2. Шејн Ларкин (Анадолу Ефес, 4 милиони евра)
  3. Никола Миротиќ (Олимпија Милано, 3,2 милиони евра)
  4. Валтер Еди Таварес (Реал Мадрид, 3 милиони евра)
  5. Костас Слукас (Панатинаикос, 3 милиони евра)
  6. Хуанчо Хернангомез (Панатинаикос, 2,5 милиони евра)
  7. Скоти Вилбекин (Фенербахче, 2,4 милиони евра)
  8. Дариус Томпсон (Анадолу Ефес, 2,3 милиони евра)
  9. Џабари Паркер (Барселона, 2 милиони евра)
  10. Вил Клајбурн (Анадолу Ефес, 2 милиони евра)

Се очекува спектакуларна сезона во Евролигата, а трофејот ќе го брани Реал Мадрид кој во финалето го совлада Олимпијакос.