Новајлијата Дубаи ќе плови низ Јадранот со искусниот Ѓорѓевиќ?

Неколку кошаркарски портали ја пренесуваат веста дека новиот клуб во АБА лигата, Дубаи, по секоја цена сака да го привлече кај себе искусниот стратег, Александар Ѓорѓевиќ. 

Српскиот тренер во моментов е селектор на кинеската репрезентација, но богатите Арапи се надеваат дека би можеле да го доведат кај себе и токму Ѓорѓевиќ да го предводи новајлијата во јадранското натпреварување. Договорот со АБА лигата треба да биде потпишан до крајот на следната недела, а сопственици на Дубаи ќе мораат да ѝ исплатат одредена отштета на кинеската кошаркарска федерација за предвремен раскин на соработката со селекторот. 

Ѓорѓевиќ најголемиот успех го оствари како селектор на Србија, кога стигна до финалето на Светското првенство во 2014 година, a беше тренер уште на Олимпија Милано, Панатинаикос, Бенетон, Фенербахче, Баерн Минхен и Виртус Болоња