• Горан Упале
Иако арсеналот на оружје што го поседува Никола Јокиќ во нападот е познат со години, противниците сè уште не пронајдоа решение за него. Затоа српскиот центар е трикратен МВП во НБА лигата, а доколку продолжи да игра во оваа форма нема да биде изненадување да ја грабне и четвртата награда.
Денвер блескаше против Сакраменто, особено српскиот кошаркар кој беше блиску до „трипл-дабл“. Сепак, потегот во првата четвртина беше вистинска најава за она што следува против Кингси.
Српскиот ас повторно го „стави противникот на вртелешка“ со брилијантниот потег „сомбор шафл“. Овој пат, новодојдениот на веќе долгата листа на жртви беше Дру Јубенкс.
Јокиќ натпреварот го заврши со 36 поени, а имаше и 12 скока и 8 асистенции.








