• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ, повторно слави огромен успех со својот Задар и вторпат успеа да ја освои титулата во хрватскиот кошаркарски шампионат.
Задар во петтиот и одлучувачки натпревар го победи тимот на Сплит со 93-66 и на тој начин го одбрани трофејот освоен минатата сезона.
Славниот клуб првпат во историјата успеа да ја одбрани титулата, а нашиот Мекиќ во последниот меч придонесе со пет поени, еден скок и една асистенција за 14 минути игра. Најефикасен во победничкиот табор беше Лука Божиќ со 19 поени, додека Србинот Аријан Лакиќ постигна еден помалку.
Своевремено, во Задар играше и нашиот Тодор Гечевски, кој важи за вистинска икона меѓу навивачите.