• Горан Упале
По убедливата победа над Нови Пазар (111-86), од таборот на кошаркарскиот клуб Џокер пристигна нова неочекувана веста. Во клубот од Сомбор од почетокот на оваа година се врши целосна реорганизација, поради што беа донесени неколку клучни одлуки, како на пример повлекувањето од АБА2 лигата. А, сега и заминување на главниот спонзор на клубот - семејството Јокиќ.
„Семејството Јокиќ го напушти клубот. Тие беа главните финансиери на клубот и луѓето одговорни што се е на највисоко можно ниво во Џокер. Спортскиот директор беше изненаден и мораше некако да реагира.
Имавме средба со семејството Јокиќ, поточно Страхиња, кој ни кажа дека тој ќе биде во клубот до 19 јануари, односно завршува со денеска и дека потоа ќе го напушти клубот, дека повеќе нема да учествува во финансирањето, и дека тренерите и играчите се ослободени од обврските“, рече тренерот Лучиќ за „Моцарт спорт“.
Џокер настапи во првиот дел од АБА2 сезоната и обезбеди следна фаза, но пред извесен период го откажа своето учество во второто по ранг натпреварување на АБА.