• Зоран Мишевски

Македонскиот шампион МЗТ Скопје катастрофално е поразен од српска Мега Бемакс со 76-92 во натпреварот од 7. коло на Јадранската лига. Момците на Тодоров беа непрепознатливи, од првиот момент доцнеа и делуваа како да се за класа послаб ривал од противникот. Ова е петти пораз во сезоната за МЗТ Скопје, кој евидентно и сезонава ќе се бори за опстанок во натпреварувањето.
Гостите многу подобри го почнаа натпреварот и Чанчар во само пет минут постигна 12 минути и српскиот АБА-лигаш поведе со високи 9-23. Шутот никако не ги служеше металците и на крајот од првиот период заминаа со заостанување од 18 разлика (14-32).
Во вториот период се разиграа и Ребиќ и Мушиди и македонскиот шампион на моменти заостануваше и 25-26 поени. Само Лалиќ реагираше и нанижа девет поени во првиот дел, по кој на одмор гостите заминаа со +19.
Чанчар и Енис врзаа серија 9-2 и во 24. минута предноста се искачи до највисоки 26 разлика. Но, тимот на Тодоров полека го наоѓаше својот препознатлив ритам и со серија 12-0 на почетокот од четвртиот период се врати до негатива од само шест поени. Трајковски и Стојановски беа главни актери на оваа серија со која македонскиот тим се врати во игра за бодови.
Бобан Стајиќ врза пет поени и МЗТ Скопје во 37. минута намали на 70-75. Сепак, гостите кои важат за директен конкурент на металците, направија нова серија преку Енис и Чанчар и го затворија прашањето на победникот. Финалниот резултат, 76-92 покажува непостојаност во таборот на Александар Тодоров, кој влезе во црна серија од три порази по ред.
Најефикасни поединци кај „штрковите“ беа Трајковски со 16 и Спасојевиќ со 12 поени, а кај Мега се истакнаа Ребиќ со 22, Мушиди со 18 и Енис со 17 поени.