ВИДЕО: Нова победа по продолжение на Лејкерси, Јанис немоќен во Аризона

Леброн

Ентони Дејвис доби уште еден натпревар одмор на кој Лос Анџелес Лејкерс по продолжението ја победи Оклахома Сити Тандер (114-113). Ова беше трет меч во низа за шампионот кој завршува со дополнителни пет минути. На сите успеа да слави победа, предводен од Леброн Џејмс и неговите 25 поени. 

Дуото на Феникс Санс, Девин Букер и Крис Пол, комбинираше за 58 поени и го сруши Милвоки Бакс (125-124). Ниту 47 поени од Јанис Антетокумбо не беа доволни гостите да се радуваат на победата. Домашните кошаркари ја анулираа негативата од првиот дел со фантастично издание во продолжението од натпреварот.

Лука Дончиќ го доби директниот дуел со Треј Јанг, а Далас минимално славеше против Атланта (118-117). Словенецот одново беше „прва виолина“ во редовите на својата екипа, која се мачи на стартот од новата сезона. Тој заврши со „трипл-дабл“ од 28 поени и по десет скока и асистенции. 

Клиперси без Пол Џорџ рутински ја надиграа Минесота (112-119), Денвер немаше милост кон Кливленд (133-95), Кевин Дурант не беше дел од славјето на Бруклин против Индијана (104-94), Торонто славеше во Вашингтон (115-137), а на домашен терен се радуваа уште Чикаго и Мемфис.