„Нова Никси“: Триото на Њујорк влезе во одбрано друштво

По освојувањето на НБА титулата со Њујорк Никси, Џејлен Брансон, Микал Бриџис и Џош Харт испишаа посебна страница во кошаркарската историја.

Тројцата поранешни соиграчи од Универзитетот Виланова станаа дел од ексклузивна група од само 60 кошаркари кои во кариерата успеале да освојат и НЦАА титула и шампионски прстен во НБА лигата. Нивната успешна приказна започна во Виланова, каде што Харт, Брансон и Бриџис во 2016 година ја освоија националната титула, а Брансон и Бриџис повторно се искачија на тронот и во 2018 година.

Со шампионскиот успех во дресот на Никси, тројцата влегоа и во уште поелитно друштво. Само 14 играчи во историјата можат да се пофалат со две колеџ титули и НБА шампионски прстен, а Брансон, Бриџис и Харт се првото трио на кое му успеало заедно да ги обедини овие достигнувања.