Нова магија на Дончиќ: Топката исчезна од кадарот, а потоа заврши во кошот (ВИДЕО)

Лука

Лука Дончиќ имаше скромна вечер во убедливата победа на Далас против Шарлот. Словенецот запиша десет поени и осум асистенции во рекордниот успех на неговиот тим.

Плејмејкерот се подготвува за уште една сезона во НБА лигата. Претсезоната е можност одново да ги потсети фановите за своите квалитети. На овој дуел направи нов потег со кој ја одушеви пошироката јавност.

Откако беше досуден фаул, Дончиќ ја исфрли топката високо, која потоа заврши во кошот.

Дефанзивците на Шарлот немаа никаков одговор за Дончиќ, додека тој беше на теренот.