• Зоран Мишевски

За разлика од домашниот терен каде уште ја очекува првата победа во сезоната, Валенсија вечерва го продолжи максималниот ефект на гости во рамките на Ендеса лигата.
По Манреса и Сарагоса, тимот на македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ славеше кај еден од најнезгодните тимови во лигата Бургос со 69-65 што е одлична најава за стартот на Еврокупот кој почнува во вторникот. Валенсија доминираше на теренот, водеше во најголемиот дел од мечот и не дозволи пред крајот да дојде до пресврт иако Бургос се доближи на само два поена негатива.
Ненад Димитријевиќ одигра 22 минути и беше еден од четворицата кошаркари во составот со двоцифрен ефект. Постигна десет поени, но и шест асистенции и ја потврди добрата форма во оваа фаза од сезоната.