Нова евролигашка победа на Црвена Звезда, плеј-офот е близу

Екипата на Црвена Звезда забележа нова победа, славеше над франуски Асвел (73-66) во рамки на Евролигата и така остана во сериозна борба за местата кои водат во разигрувањето.

Белградските „црвено-бели“ дури и имаат добра можност да бидат во ТОП-6 на табелата со што ќе го скокнат разигрувањето за четвртфиналето во кошаркарската елита. Тимот на Сферопулос одигра еден одличен меч, кој го имаше под контрола во сите четвртини.

Добрата тимска игра донесе распоредени поени кај Звезда, а прв стрелец беше Ајзеа Канан со 11 поени, пред Коди Милер-Мекинтаер со десет поени. Кај Асвел се истакна Тео Маледон со 13 и Бенџамин Бентил со 12 поени.

За Црвена Звезда ова беше петнаесетта победа и тимот има скор 15-10. Асвел, пак, е со скор 11-14. Во следното коло белграѓани гостуваат кај Алба Берлин.