Нова ера за Бориша Симаниќ, се враќа во АБА лигата и ќе игра за Игокеа

Српскиот кошаркар и поранешен репрезентативец, Бориша Симаниќ, официјално потпиша договор со Игокеа и за него ова ќе биде прв клуб после страшната повреда што ја доживеа на Светското првенство минатата година. 

Симаниќ мораше да мине низ операција во која му беше отстранет едниот бубрег, а потоа следуваше долг период на рехабилитација. Извесно време тренираше со Игокеа (настапи и на пријателскиот меч против Борац Бања Лука), а клубот реши да му даде шанса и тој сезонава ќе настапува во силната АБА лига. 

„Здоволни сме од потписот со Симаниќ. Тој се враќа на терените после повеќе од една година и се надеваме дека во нашиот клуб повторно ќе блесне во сиот сјај, прикажувајќи го својот талент на сите натпревари. Му посакуваме топло добредојде во Игокеа“, стои во клупското соопштение. 

Бориша Симаниќ ја започна кариерата во Црвена Звезда, а потоа играше уште за екипите на ФМП, Мега Баскет и Сарагоса.