Нова ера во Анадолу Ефес, капитенот си оди по 12 години

Екипата на Анадолу Ефес во новата сезона ќе има нов изглед, затоа што по заминувањето на тренерот Атаман си одат и повеќе играчи.

Еден од нив е и капитенот Догуш Балбај. Искусниот кошаркар, кој има 34 години и игра како плејмејкер, настапуваше за Ефес од 2011 година, а во тој период освои две Евролиги, три турски шампионати, четири Купови на претседателот и три Купови на Турција.

Во последните сезони Балбај немаше голема улога на теренот, а во последната сезона од Евролигата настапи на само четири натпревари.