• Саше Љолес

Кошаркарскиот гигант, Реал Мадрид, можно е да доживее големи и турбулентни промени летово. Одамна е најавено пензионирањето на Руди Фернандез, но се чини дека по неговите стапки би можеле да заминат и другите двајца членови на славното мадридско трио.
Серхио Љуљ веќе има 35 години, а Серхио Родригез исто така зборува за пензионирање, па тоа би можело да значи дека сите тројца би заминале во една година, што ќе подразбира комплетен ремонт во јадрото на тимот. Иако сите се во поодмината возраст, токму ветераните се главните двигатели на тимот и навистина нивното заминување може да дојде како голем шок за сите. „Кралевите“ имаат дури девет играчи со кои истекува договорот и уште не е познато што точно ќе се случува откако ќе завршат.
Шпанските медиуми пишуваат дека можен е голем „ремонт“ и доведување на најмалку четворица квалитетни кошаркари, а воедно би се понудила соработка и на дел од актуелниот кадар, но навивачите се несигурни и стравуваат од драстичната промена на екипата.