• Саше Љолес
Според информациите на „Еурохупс“, грчкиот Панатинаикос подготвува нова трансфер „бомба“ и најави ново сериозно засилување за остатокот од сезоната.
Имено, тренерот Ергин Атаман после поразот од Црвена Звезда го вкучил „алармот“ и побарал од управата нов играч за центарската позиција, а изборот паднал на светскиот шампион - Кенет Фарид!
Кошаркарот висок 203 сантиметри има големо НБА искуство, а во моментов настапува во Тајланд, од каде ќе се пресели во Атина.
Истиот извор тврди дека играчот е во напредни преговори со грчкиот гигант и наскоро се очекува негова официјална промоција. Фарид играше за Денвер, Бруклин и Хјустон, а со репрезентацијата на САД стана светски шампион во 2014 година.









