• Мартин Танасковски
Женската кошаркарска репрезентација до 18 години доживеа нов пораз на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Софија, Бугарија, што е трет неуспех во третиот меч во групната фаза.
„Црвено-жолтите“ загубија од Хрватска во третиот меч од групата, со резултат 41-83. Хрватките доминираа во сите четири периоди, а посебно се истакнаа во вториот и последниот, во кој ги задржаа избраничките на Јелена Антиќ на едноцифрен број постигнати поени (седум и шест).
Луција Бановиќ имаше 16 поени кај победникот, пред Божан и Новак со по 15 постигнати поени, додека кај Македонија, единствена со двоцифрен учинок беше Марија Николов со десет поени, а Ања Начевска имаше девет поени.
Четврти и воедно последен меч во групата за Македонија ќе биде дуел против Данска (5 јули).