Нов удар за Србија: Се повреди Бјелица и е под знак прашалник за ЕП

Немања Бјелица

Немања Бјелина носи нови главоболки за селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ.

Новиот член на Фенербахче се повреди и е под знак прашалник за Европското првенство. Страдаше листот на српскиот кошаркар за време на пријателскиот меч против Црна Гора.

На почетокот од новата недела ќе се направат нови прегледи. Од нив ќе се утврди колку е сериозна повредата на 34-годишникот, кој важи за еден од најдобрите играчи во тимот на Србија.

Бјелица на сличен начин го пропушти турнирот на Олимписките игри во Рио.