Нов удар за Бостон, до крајот на сезоната без Даниел Тајс

Еден од најдобрите кошаркари на Бостон Селтикс, Даниел Тајс, е приморан предвреме да ја заврши тековната сезона, пренесуваат американските медиуми. 

Германскиот кошаркар на последниот меч на Селтикси против Индијана се здоби со незгодна повреда на коленото, а по дополнителните прегледи се обелодени дека има скинати лигаменти и ќе мора да оди на операција. 

Тајс е еден од најстандардните кошаркари на Бостон оваа сезона, одигра 63 натпревари на кои по просек постигнуваше по 6 поени, 5 скока и 2 блокади.